(ВИДЕО) ЗАТРУПАНИ АВТОМОБИЛИ И ДОМОВИ: Во Јапонија наврнаа два метри снег
Снежно невреме ја зафати Јапонија, при што се создаде обвивка од 2 метри.
Долж северниот брег домовите се изолирани, а без електрична енергија се околу 10.000 домаќинства. Најмногу снег наврнало во префектурите Нигата и Гунма, објавила јапонската телевизија НХК. Околу 1.000 автомобили се затрупани со снег на истокот во Јапонија. Патниците во автомобилите биле заробени околу 9 часа. Јапонската метеоролошка служба предупредила на лавини и за натамошни прекини на сообраќајот во источниот и централниот дел на Јапонија и на јапонското крајбрежно подрачје затоа што се прогнозираат нови снежни врнежи.
Вакво нешто ретко се случува. Обилни снежни врнежи има во делови на Русија, но и во САД претходните години имаше снег до покривите.
