Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Застрелан војник во центарот на Отава, пукање имало и во канадскиот парламент

(ВИДЕО) Застрелан војник во центарот на Отава, пукање имало и во канадскиот парламент

Непознат напаѓач во Отава повредил војник кој чувал стража пред споменикот на жртвите од војната, а после тоа влегол во парламентот од каде се слушало пукање.

Според зборовите на очевидци од канадскиот парламент се слушнале повеќе од 30 пукања.

CBCNEWS.ca јавува дека еден напаѓач е убиен. Според првите информации се работи за повеќе напаѓачи за кои полицијата трага.

Полицијата соопштила дека застреланиот војник е во тешка состојба, пренесува францускиот весник „Mond“(Le Monde).

Американската агенција АП наведува дека повеќе сведоци потврдиле дека слушнале врисоци и виделе наоружан маж како трча кон зградата на парламентот.

Портпаролот на премиерот Стивен Харпер изјавил дека премиерот е безбеден и дека ја напуштил зградата на парламентот.

Новинар на канадскиот дневник „Glob end mejl“ (Globe and Mail), кој се наоѓа во зградата на парламентот, вели дека видел едно тело на земјата, но дека „не може да потврди дали се работи за напаѓач или полицаец“.

До денешното пукање дошло само два дена откако два канадски војници во Квебек прегазиле маж наклонет на џихадистите, а еден војник при тоа и загинал. Тоа било прв таков инцидент во Канада откако таа држава се приклучила кон борбата против екстремистите на Исламската држава во Ирак.

Канадската влада претходно денеска го зголемила нивото на опасност од тероризам од средно на високо, после „општиот пораст на меѓусебна комуникација“ меѓу припадниците на радикалните групи како што се Исламската држава и Ал Каеда, соопштил портпаролот на канадскиот министер за јавна безбеднсот Жан Кристоф Де Ла Ру.

„Зголемувањето на нивото на опасност не е последица на некоја конкретна закана“, рекол портпаролот, а пренесува Ројтерс.

Новото ниво на опасност од тероризам значи дека канадската разузнавачка служба „воочила поединци или група внатре или надвор од Канада која има намера или способност да направи терористички акт“, рекол Де Ла Ру.

Слично

Поврзани вести