(ВИДЕО) Застрашувачко: Дупка изненадно проголта четири лица во Кина
На една автобуска станица во Кина изненадно се отвори огромна дупка која проголта четири лица кои чекаа превоз.
Застрашувачката снимка која ја направила безбедносната камера го прикажува моментот во кој лицата кои чекале автобус во Хелионцианг провинцијата го изгубиле тлото под нозе.
Една жена останала заглавена со челичната арматура под површината на асфалтот.
Снимката прикажува и група минувачи кои се обидуваат да ги спасат луѓето кои паднале во дупката. После неколку минути успеале да се извлечат.
Дупката била длабока два метри и заземала површина од 10 квадратни метри.
Четири лица завршиле во болница со полесни повреди, а причина за отварање на тлото уште не е позната.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fnoG6SCtevU[/embed]
Слично
