Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од ураганот „Ирма“

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од ураганот „Ирма“

Ураганот Ирма е се поблизу до островите Ливорд во Карипското море, а во текот на денешниот дден оваа бура со категорија 5 би требало да премине и преку другите карипски острови.

Aмериканскиот Национален центар за урагани наведува дека овој „потенцијално катастрофален“ ураган се наоѓа на 75 км источно и југосточно од островите Барбуда и дека донесува ветрови со максимална брзина од 295 км на час.

Њујорк тајмс наведува дека Ирма би можела да предизвика големо уништување во Порторико, американската територија во Карибите на која живеат 3,4 милиони луѓе, на блиските острови Хиспандиола-кои ги делат Доминиканската Република и Хаити, Антигва, Сент Кит, и Невис , како и Американските Девствени острови, а загрозена е и Куба.

Според проценките, површината на Ирма е поголема од површината на американската држава Охајо. Тоа е ѕвер, сликовито напишал еден новинар на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести