(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ ОД АРГЕНТИНА: Автобус се запали, од истеченото гориво гори и автопатот, а патниците во паника избегаа
Патници во Aргентина во паника истрчале од запален автобус.
Пожарот избувна на автопатот Џенерал Паз во главниот град Буенос Аирес. Ројтерс јавува дека сцената ја снимиле надзорните камери поставени да го следат тој пат. Горивото од автобусот се излеало преку автопатот и се запалило, попречувајќи го нормалното движење на другите возила. На снимката се гледа како од задниот дел, огнот се префрла кон предниот, потоа автобусот е цел во пламен, а огромен облак од чад се шири. Пожарникар го гасне огнот, но автобусот е скоро целосно изгорен. Пожарот настанал поради дефект на електрични инсталации. Нема повредени во пожарот.
фото принтскрин
Слично
