Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка: Делови од соборениот малезиски авион паѓаат од небото!

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка: Делови од соборениот малезиски авион паѓаат од небото!
Еден корисник на „Јутјуб“ објави застрашувачка снимка на која се гледа како делови од соборениот малезиски авион Боинг 777 паѓаат на земја непосредно по несреќата. Авионот на „Малезија Ерлајнс“ кој леташе на релација Амстердам-Куала Лумпур беше соборен денеска во Украина, во непосредна близина на границата со Русија. Додека очевидецот го снимал видеото, делови од малезискиот авион, во кој патуваа 295 патници, се уште паѓаат од небото. http://www.youtube.com/watch?v=dPu1dhje3Po#t=27 Но во меѓувреме, во Украина од сите страни се огласуваат обвиненија и барање на одговорни за соборувањето на авионот. Ни збор уште нема за жртвите во катастрофалната несреќа. Ова се првите вознемирувачки снимки од местото на инцидентот: http://www.youtube.com/watch?v=je0EVpxEwvY#t=21 Украина обвини дека за нападот се одговорни проруските сепаратисти, кои од Москва добиле систем за лансирање ракети земја-воздух. Тие демантираат и тврдат дека зад нападот стојат украинските сили. Според сепаратистите во источна Украина, тие поседуваат ракети со дострел од три до четири илјади метри, а авионот летал многу повисоко, на 10.000 метри, во моментот кога бил соборен. Засега не се знае националноста на загинатите патници и членови на екипажот. Ова е втора поголема загуба за „Малезија Ерлајнс“ годинава, откакко на 8 март авион на оваа компанија мистериозно исчезна на летот Куала Лумпур-Пекинг и сеуште не е пронајден.
Слично

Поврзани вести