(ВИДЕО) Заспал на натпревар и може да заработи 10 милиони долари!
Американските спортски коментатори ќе мора да внимаваат што зборуваат во иднина по тужбата која против телевизиската куќа ЕСПН ја подигна Ендрју Ректор, навивач на тимот Њујорк Јенкис.
Имено, овој 26-годишник бил „уловен“ од камерите како спие за време на натпреварот со Бостон Ред Сокс, што коментаторите Ден Шулман и Џон Крук го искористија за малку шега на негова сметка.
„Ова не е место каде што ќе спиеш“, рекоа тие коментирајќи го низ смеа заспаниот навивач за време на преносот, па дури и се запрашаа дали тој би се разбудил ако целата публика на стадионот стане и направи овации.
По телевизискиот пренос, Ректор добил многу понуди од адвокати, кои со совети го поттикнале да реагира на случката. Тој ги послушал и со тужба побарал отштета од десет милиони долари за нанесен емоционален стрес поради овој настан.
http://www.youtube.com/watch?v=1FDrcWTSczs
Слично
