(ВИДЕО) ЗАРЕМ Е МОЖНО, СТРЕЛАА ЛУЃЕ И ТЕПАА ЖЕНИ ВО МЕТРОТО - полициското насилство во Иран не престанува
Иранските безбедносни сили застрелаа луѓе на метро станица во Техеран и тепаа жени кои не носеа бурка, пишува Гардијан. На вознемирувачките видеа објавени на социјалните мрежи се гледаат патници кои трчаат кон излезите, при што многумина паѓаат и биле прегазени, откако полицијата отворила оган врз луѓето на метро станицата.
Полицајците биле снимени низ прозорците на возот како минуваат низ вагоните и тепаат жени со палки.
Јавниот превоз стана место на полициско насилство откако Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина на 16 септември во морален полициски притвор, откако беше уапсена поради кршење на иранскиот строг кодекс за облекување на жените.
На почетокот на септември, секретарот на иранскиот персонал за промовирање доблест и спречување на порокот, Мохамад Салех Хашеми Голпајегани, објави дека владата планира да користи технологија за препознавање лице за да ги таргетира жените фатени на безбедносните камери на јавниот транспорт.
Државата во моментов врши репресија против антивладините демонстранти, а досега пет лица поврзани со протестите се осудени на смрт.
САД и некои западни земји воведоа санкции за Иран и повикуваат на стоп за насилството кое владата го врши врз демонстрантите.
Фото: Принтскрин
