(ВИДЕО) ЗАПОЗНАЈТЕ ГО МОМЧЕТО ОКТОПОД: Со 26 прсти го прехранувам семејството, а луѓето ми се смеат!
Омар Мартинез е роден со многу необична аномалија поради која вкуно има дури 26 прсти на рецете и на нозете.
За разлика од своите врсници кои одат во школо, Омар работи и го прехранува своето семејство.
Се грижи за сестрите, а прифаќа секаква работа која ќе му помогне да донесе храна на маса: од цепење дрва до косење трева.
Момчето живее во Ел Салвадор, и е едно од четирите деца на своите родители. Меѓутоа, кога тие починале, грижата за сестрите паднала на него, пренесува Дејли мирор.
Омар има по шест прсти на рацете и по седум на нозете. Признава дека поради таа аномалија е изолиран од своите врсници и открива дека вишок прсти имале и неговите татко и дедо.

„Често вперуваат прст во мене и ми се смеат. Му го дадоа прекарот октопод“-вели Омар.
Тој истакнува дека неговата љубов кон сестрите и грижата за нивна иднина помогнала да се преброди тешката состојба во која се наоѓа.
„Никој не ни помага. Морам сам да се снаоѓам и донесувам храна на масата“-вели момчето, чии родители починале пред три години двајцата од природна смрт.
Оттогаш, Омар и неговите сестри преживуваат селејќи се од село до село, каде има работа за момчето. Иако има само 14 години, вели дека не жали за ништо, и дека најголем сон му е да има велосипед.
„Се посветив на опстанокот на моето семејство, и не се каам поради тоа“, вели Омар.
Докторот Елиса Рубино вели дека случајот на Омар е решлив, како и дека не влијае на неговото здравје.
„Единствената непријатност која ја има поради своите аномалии е кога луѓето почнат да зјапаат во него“, вели Елиса и истакнува дека има Омар има повеќе прсти од останатите, ги користи рацете како и сите.
Погледнете го видеото:
