Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАПОЧНУВА КОПНЕНА ОФАНЗИВА: Американските командоси стигнуваат во Сирија со специјална задача!

(ВИДЕО) ЗАПОЧНУВА КОПНЕНА ОФАНЗИВА: Американските командоси стигнуваат во Сирија со специјална задача!

Над десетина припадници на американските командоси за специјални операции наскоро ќе стигнат во Сирија, како што вети администрацијата на претседатеот на САД, Барак Обама, соопштија медиумите.

„Многу брзо ќе пристигнат“, изјавил Брет Мекгарк, спцијалалниот преставник на Обама за меѓународната коалиција кој ги бомбардира позициите на „Исламска држава“ во Сирија и Ирак.

Мекгарк во емисијата „Фејс д нејшн“ на ЦБС, изјавил дека тие војници ќе имаат задача да ги организираат локалните војници во борбата против борците на „Исламска држава“ во северниот дел на Сирија.

На крајот на октомври Обама ја одобри групата, која нема да брои повеќе од 50 специјалци, да биде распределена во Сирија. Тие нема да учествуваат во борбите, туку ќе имаат улога на советници кои ќе им помогнат за кординација на локалната војска.

Тоа ќе биде прво официјално распоредување на американската војска на теренот на Сирија од формалната меѓународна коалиција која се бори против „Исламска држава“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/98d4L085Rl4[/embed]  
Слично

Поврзани вести