(ВИДЕО) Запалено знамето на НАТО во Црна Гора
Знамето на НАТО кое пред неколку дена беше поставено пред на јарбол на влезот во Цетиње, во чест на поканата за членство на Црна Гора во Алијансата, синоќа беше запалено од непознати сторители.
Претседателот на Движењето за неутралност, Марко Миланчиќ на својот Фејсбук профил прв ја сподели информацијата.
- Откако во невидена демонстрација на уривање и газење на традицијата на Црна Гора, властите на престолнината Цетиње, по повод добивањето покана за НАТО го симнаа знамето Крсташ и го поставија она на НАТО, слободните граѓани ги зедоа работите во свои раце. Од ноќеска знамето на НАТО веќе го нема, напишал Миланчиќ.
Знамето на НАТО било истакнато заедно со црногорското знаме и знамето на Европската унија.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=xk2fg-2iCfY[/embed]
Слично
