Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАПАЛЕНИ ДВЕ ПОЛИЦАЈКИ НА ПРОТЕСТИ: Oва видео го обиколи светот

(ВИДЕО) ЗАПАЛЕНИ ДВЕ ПОЛИЦАЈКИ НА ПРОТЕСТИ: Oва видео го обиколи светот

Снимка од запалени полицајки на насилните протести во Чиле го обиколи светот. 

Две полициски службенички се повредени во повеќедневните протести и судири во Чиле. Повредените полицајки се на возраст од 20 и 25 години и двете се припаднички на специјалната полиција во градот Сантјаго. Нив во болница ги посети министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел, кој го осуди нападот.

Инцидентот се случил во близина на метро-станицата Баквиедано, а полицијата со демонстрантите се пресметувала со солзавец и водени топови.

Веќе две недели има судири на демонстрантите (кои на улиците излегоа поради зголемувањето на цената на јавниот превоз) со полицијата, а досега се повредени повеќе од 800 полицајци и околу 1.600 демонстранти. Имаше и над 15 смртни случаи, при што луѓето изгореа во запалени маркети или беа застрелани. 

СОДРЖИНАТА НА СНИМКАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКА:


Слично

Поврзани вести