(ВИДЕО) Залужни објави видео од првото лансирање ракета од моќниот американски систем ATACMS
Украинскиoт генерал Валериј Залужни објави видео од првото лансирање ракета од моќниот американски систем ATACMS.
„Волстрит жрнал“ претходно објави дека Украина за прв пат ги нападна Русите со американскиот систем АТАСМS.
Ракетниот систем АТАCМS има дострел од околу 305 километри, што е доволно за украинските сили да ги погодат руските цели далеку зад линиите на фронтот. Сепак, оние што се испратени во Украина имаат помал дострел и носат касетна муниција, која се отвора во воздухот кога е истрелана, ослободувајќи стотици бомби наместо една боева глава.
Веста за користењето на системот потоа ја потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој се заблагодари за ракетите.
Украина објави дека ги нападнала руските аеродроми во Бердјанск и Луганск во текот на ноќта со оружје со долг дострел, уништувајќи авиони на земја и друга воена опрема.
Слично
