Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Заложничка драма во Париз, упаднаа специјалците

Видео: Заложничка драма во Париз, упаднаа специјалците

Вооружен маж влегол во туристичка агенција во Париз и од засега неразјаснети причини како заложници зел 7 лица. Полицијата на интернет ги повика граѓаните да ја избегнуваат 13-та област во градот, а специјалците беа распоредени чекајќи знак за да преземат акција. 

Киднаперот засега не ги изјаснил своите барања и тешко е да се утврдат неговите мотиви, но се смета дека не станува збор за терористички акт. 

Специјалците упаднаа во туристичката агенција и успеаа да ги спасат заложниците и засега нема информации за повредени, освен дека вооружениот напаѓач е совладан.

Слично

Поврзани вести