(ВИДЕО) Жална слика од Днипро: Русите погодија зграда, под урнатините има и ранети деца
Ужасни слики стигнуваат од Украина, каде руски проектил денеска погоди зграда во градот Днипро, поради што цивили се затрупани под урнатините.
Има пет загинати, а како што јавуваат медиумите ранети се 27 луѓе, меѓу кои шест деца.
Украинските власти велат дека тоа се луѓето кои биле дома за празниците. Украински функционер упати остри зборови за Русите за кои вели дека не се луѓе. Кирило Тимошенко. Заменик-шефот на кабинетот на претседателот, потврди дека најмалку една трафостаница исчезна.
Предупредувања за водушни напади има за регионот околу главниот град Киев, како и за градовите Херсон и Лвов, Харков, Доњецк, Дњепропетровск и во десетина други региони. Луѓето треба да отидат во засолништа.
Русија инсистира дека војната ќе заврши кога целите на Москва ќе се исполнат.
Цивили од Херсон кои биле заробени раскажаа дека руските војници ги мачеле со електрошокови, дека им корнеле нокти, а рацете им ги ставале во врела вода.‼️Дніпро!
— Оперативний ЗСУ (@operativno_ZSU) January 14, 2023
Геноцид української Нації! pic.twitter.com/3XCQ9sNIjC
Инвазијата на Украина, Русија ја почна лани на 24 февруари.
фото ЕПА
