Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Захарова објави видео кое докажува дека Лавров не завршил во болница

(ВИДЕО) Захарова објави видео кое докажува дека Лавров не завршил во болница

Откако се прошири информација дека шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров е пренесен во болница по доаѓањето на Самитот на Г20 во Индонезија, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги демантираше овие наводи. Таа објави видео од Лавров на балон во хотел во Индонезија.

„Сергеј, извинете, но пишуваат дека сте хоспитализирани?“, го прашува Захарова Лавров. 

Тој пак рече дека претставниците на западните медиуми веќе десет години шират гласини за здравјето на претседателот на Русија, Владимир Путин. 

„Сѐ е тоа политичка игра. Им советувам на западните медиуми да бидат поискрени“, рече Лавров.

Инаку, западните медиуми претходно пишуваа дека Путин е болен и дека ќе се повлече од политиката. Но, тоа досега не се случи. Вакви информации имаше откако почна руската инвазија на Украина на 24 февруари годинава. 


Слично

Поврзани вести