(ВИДЕО) Загрижувачки снимки – што се случува со Сонцето?
Американската вселенска агенција НАСА објави снимки на кои во многу краток временски период биле регистирани дури три соларни факели. Овие експлозии на површината на Сонцето вообичаено се случуваат на подолги интервали, но само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани две, а утрово уште една таква експлозија.
Според експертите , овие факели испуштаат кон земјата зголемено количество на X-зраци, кои со својата радијација можат особено да им наштетат на електронските системи и радио-врските на Земјата.
Сепак, количеството на радијација не е толку големо за да може да пробие низ атмосферата и да претставува здравствена закана за луѓето.
http://www.youtube.com/watch?v=rRpxs39zn20
Слично
