Видео: Заговорниците не мируваат - Чудна светлина и НЛО над Нов Зеланд со земјотресот
На социјалните мрежи се шират повеќе видеа за кои се тврди дека се направени ноќта кога во Нов Зеланд удри силниот земјотрес со магнитуда од 7.8 степени според Рихтер во кој загинаа двајца, а беше причинета голема материјална штета.
На едното видео небото е опфатено со силна сина светлина која е многу невообичаена, додека на второто видео се гледа мал неидентификуван летечки објект кој кружи со голема брзина и нерегуларни движења околу бандера за струја.
За овие видеа нема точни информации од кој извор се шират, но се честа појава по ваков вид на природна катастрофа. Тоа секако не ги спречува теоретичарите на заговори да ги шират своите тврдења за необјасниви појави и натприродни влијанија.
Слично
