(ВИДЕО) Заглавени во кал, германски полицајци се тепаат со активисти
Заглавени во кал, викендов германски полицајци се тепаа со климатски активисти.
Околу 20 демонстранти завршија во болница. На видеото кое се шири на социјалните мрежи се гледа дека неколку полицајци не можат да се извлечат од калта.
Стотици полицајци отстранија околу 300 активисти од селото Лицерат во близина на Менхенгладбах. Операцијата почна во средата.
„Две лица сѐ уште не се предаваат, а се скриени во подземен тунел кај Лицерат“, велат од полицијата.
Активистите велат дека селото и другите објекти во околината не треба да се уништуваат. Тие бараат рудникот за јаглен под нив да не се проширува. Деновиве на ова село му се одбројани.
Германија вети постепено укинување на јагленот до 2030 година, а подоцна го помести датумот до 2038 година.
foto printskrin
cops defending coal mine get stuck in mud #Luetzerath pic.twitter.com/xHJBoukRsN
— Max Granger (@_maxgranger) January 15, 2023
