Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Загинаа првите руски војници во Сирија?

(ВИДЕО) Загинаа првите руски војници во Сирија?

Најмалку три руски војници загинаа, а неколку се ранети од граната што ги погоди нивните положби во сириската провинција Латакија, пишува Ројтерс.

Амбасадата на Русија во Дамаск, соопшти дека немаат информации дека тројца Руси загинале на воените жаришта.

Ако оваа информација се потврди, тоа ќе биде првиот инцидент во кој загинале војници на Русија, откако земјата почна со воздушни напади во Сирија на 30 септември.

Директорот на Сирискиот опсерваториум за човечки права, Рами Абдул Рахман, за Ројтерс вели дека изворите на теренот ја потврдиле смртта на руските војници, но не можат да кажат колку лица настрадаа.

Рахман вели дека не верува дека тоа се редовни војници на Русија, туку се работи за доброволци.

Инаку, во последните 24 часа во Сирија загинаа најмалку 45 луѓе како резултат на воздушните напади на руската авијација во Латакија.

Од воздушните напади излегоа и снимки кои од близу ја снимаат борбата меѓу сириската армија и бунтовниците.

  [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_btVIRcTNws[/embed]
Слично

Поврзани вести