Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 20 ТУРИСТИ: Терористички напад имаше во Кашмир

(ВИДЕО) ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 20 ТУРИСТИ: Терористички напад имаше во Кашмир

Терористички напад имаше во Кашмир  каде најмалку 20 туристи загинаа. 

Вооружени напаѓачи пукаа во група домашни туристи кои посетувале популарно одморалиште во Кашмир под индиско управување, изјавија властите за Би-Би-Си.

Нападот се случил во Пахалгам, живописен хималајски град кој често се опишува како „Швајцарија на Индија“.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, рече дека сторителите „ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.

Малку позната милитантна група наречена „Кашмирски отпор“ ја презеде одговорноста за нападот во порака на социјалните мрежи. Тие изразија незадоволство затоа што над 85.000 „натрапници“ се населиле во овој регион, поттикнувајќи „демографски промени“.

фото МИА

Кашмир е спорна област уште од 1947 година. Индија добила половина од Кашмир, а Пакистан една третина, додека остатокот подоцна го зела Кина.

Откако Британците се повлекоа во 1947 година, територијалните спорови околу Кашмир почнаа. 
Слично

Поврзани вести