(ВИДЕО) ЗАГИНАА ДЕСЕТ ЛУЃЕ: Мост се урна и падна во кањон
Десет работници загинаа откако се урна мост кој тие го граделе близу Богота, соопштија денеска колумбиските власти.
Девет од работниците загинале на лице место, а еден починал во болница.
Претставници на цивилната одбрана навеле дека несреќата се случила вчера и дека мостот е граден 95 километри од главниот град.
Засега не е утврдено колку работници се наоѓале на мостот кога се случила несреќата и дали некој исчезнал.
Слично
