(ВИДЕО) Загина и првиот американски војник во борба со ИСИС
Првиот американски војник беше убиен на воените жаришта, додека спасувал заложници во северен Ирак.
Ова е првиот Американец убиен во копнена борба со милитантите на Исламска држава, јавиле официјални лица за Си-ен-ен.
Американските војници спровеле спасувачка операција во областа Хевижа, што е под контрола на Исламската држава.
Специјалци од САД, заедно со курдски и ирачки војници ослободиле 70 Курди заробени од ИСИС.
Во оваа мисија настрадал еден од војниците.
Спасувачката операција се случува повеќе од еден месец откако курдските безбедносни сили соопштија дека ИСИС киднапирала десетици луѓе близу Хавижа, но сè уште не се знае дали таа е поврзана со септемвриското киднапирање.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/opJMe5DSJ6Q[/embed]
Слично
