(ВИДЕО) Забраната за собири не ги спречи навивачите на Ливерпул да ја прослават првата титула по 30 години
Во Ливерпул полицијата ги осуди илјадниците навивачи на Ливерпул кои ги исполнија улиците синоќа пред стадионот „Енфилд“ откако клубот за прв пат по 30 години ја освои долгоочекуваната титула во англиската фудбалска премиерлига.
Помошникот началник на полицијата Роб Карден рече дека населбата Мерсисајд била „несразмерно погодена“ од пандемијата на коронавирус и нејзините жители имаат одговорност да спречат понатамошни случаи.
Тој рече: „Огромното мнозинство навивачи го признаа фактот дека сега не е време да се собереме заедно за да славиме, и одбраа безбедно да го одбележат настанот. Тие се совеста на нашиот град“.

„За жал, како што видовме, не секој се придржуваше до важечките прописи. Иако огромното мнозинство на прослави беше добро организирано, голем број на луѓе избраа да се соберат пред стадионот “.
Претходно, околу 100 навивачи се собраа пред Главниот штанд на „Енфилд“ со пиротехника, транспаренти и други реквизити.Веднаш потоа илјадници навивачи се собраа пред стадионот, итајќи преку Стенли Парк за да стигнат до стадионот.
Многу навивачи носеа маски за лице за собирот и непосредно пред 11 часот, иако полицијата од Мерсисајд најави дека ќе им го отежне собирот со затворање на сообраќајните патишта кои водат до стадионот.
Полициските службеници можеле да се видат во околината додека навивачите славеле, но не биле направени обиди да се растера толпата. Советот на градот Ливерпул им порача на фановите да „имаат одлична забава“, но да одржуваат социјално дистанцирање додека слават.
Премиерлигата започна одново овој месец по паузата поради пандемијата „Ковид-19“, а до крајот на сезоната преостануваат уште седум круга од првенството.
„И во деновите што следат, ги повикуваме поддржувачите да ја направат вистинската работа и да слават безбедно со членовите на своето семејство и пријателите“, додаде Карден.
