(ВИДЕО) За што најмногу жали Хилари Клинтон?
Поранешната прва дама на САД веројатно има многу работи што би ги направила поинаку. Но за една и самата признава дека искрено жали.
Откако во 1996 година со сопругот Бил Клинтон се вселила во Белата куќа, Хилари Клинтон не возела автомобил.
„Морам да признаам, една од работите за кои што жалам откако сум во јавниот живот, тоа е дека веќе не знам да возам“, рекла Клинтон во Њу Орлеанс.
„Последен пат кога седнав зад воланот во автомобил беше во 1996 година. Јасно се сеќавам на тоа. За жал, се сеќава и тајната служба, па затоа веќе не возам автомобил“, се пошегувала Клинтон, која од тогаш беше прва дама на САД, сенаторка и американски државен секретар, а на сите позиции имаше личен шофер и заштита од тајната служба.
Оваа нејзина изјава била снимена и е предмет на расправа во САД. Едни и замеруваат затоа што заради функциите заборавила да вози. Други, пак, се шегуваат и велат дека веројатно последна песна која ја слушнала била „Макарена“, бидејќи и таа е од 1996 година.
http://www.youtube.com/watch?v=fF5VFaCti44
Слично
