Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) За само 6 минути Николас Круз направи масакр

(ВИДЕО) За само 6 минути Николас Круз направи масакр

Напаѓачот од Флорида, Николас Круз признал во полиција дека убил 17 луѓе во американско средно училиште, но засега не е познат мотивот. 

19-годишното момче во училишната зграда било само околу шест минути, ако се смета од моментот кога дошол со такси во 14:19 часот, вели Ју-Ес-Еј тудеј.

Две минути подоцна, напаѓачот го активирал алармот за пожар и почнал да пука со полуавтоматска пушка во ходникот, а потоа и во училниците. 

Во 14:25 часот Круз ја фрлил пушката и се измешал меѓу учениците кои бегале. Полицијата вели дека отишол во Волмарт, испил една пијачка, а потоа отишол во Мекдоналдс.

Уапсен е околу еден час подоцна на улица. 

Во масакрот се убиени 14 ученици и тројца луѓе од училишниот персонал. Тие се на возраст од 14 до 49 години. Најмалку 12 други луѓе се ранети, а седум се борат за живот. 


Слично

Поврзани вести