Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) За прв пат: Сензационална анимација открива како точно е урнат рускиот авион во Египет

(ВИДЕО) За прв пат: Сензационална анимација открива како точно е урнат рускиот авион во Египет

Експлозивната направа во авионот А321, кој се урна во Египет, беше утврдена во багажниот простор. Кесата со бомбата експлодирала кога авионот се наоѓал на висина од околу 9000 метри, објавија „lifenews.ru“ и за прв пат прикажаа анимација од експлозијата. Ударниот бран буквално го расцепал авионот на два дела.

Тајните служби веќе разјаснуваат каде се наоѓала бомбата, кога експлодирала. Според извор од истрагата експлозивната направа е качена на авионот од соработникот на аеродромот Шарм-ел-Шеик, кој беше имплементиран таму порано. Тој го поставил уредот под крилата на авионот.

Соработниците на тајни служби размислуваат во оваа насока, откако пронашле мистериозна дупка во трупот на авионот, која се наоѓала под килата на авионот А321- Според техничарите тие не можат да дадат некакво друго објаснување и да истакнат обични причини, бидејќи сличен тип деформации не се типични. Сликите на крајот на крилјата на кои се откриени атипични дупки, покажуваат дека во авионот имало експлозија на рачно изработена бомба.

Денес руските тајни служби официјално објавија дека причина за авионската несреќа на рускиот авион е терористички акт. Претседателот Владимир Путин изјавил дека Русија ќе ги бара виновниците за експлозијата, каде и да се наоѓаат тие.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KGP5uK27mig[/embed]
Слично

Поврзани вести