(ВИДЕО) ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: Од чешмите почнало да им тече чисто – злато!
Жителите на Вајтхол, во американската сојузна држава Монтана, се загрижени за квалитетот на водата што ја пијат, затоа што во неа пронашле парчиња злато, видливи и со голо око.
Додека миела садови, Шерон Браун од Вајтхол забележала дека нешто чудно светка. И таа и нејзиниот сопруг збунето гледале во златниот талог. „Ги ставив зрнцата во чаша со вода - не се топеа. Беше навистина чудно“, вели Марк Браун.
Со оглед на тоа што во близина на местото во кое живеат се наоѓа рудник на злато, прво што помислиле било дека токму овој метал им тече од славината. Тоа и се потврдило откако талогот го дале на анализа, а истото му се случило и на нивниот сосед.
Иако се работи за скапоцен метал, жителите на Вајтхол се навистина загрижени. Велат дека ако во водата за пиење се наоѓаат тешки метали видливи со голо око, којзнае што се има во неа.
http://www.youtube.com/watch?v=lBY0qtw09MA
Слично
