Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗА НЕГО НЕМА ГРАНИЦА: Без опрема се искачи на највисокиот облакодер

(ВИДЕО) ЗА НЕГО НЕМА ГРАНИЦА: Без опрема се искачи на највисокиот облакодер

Ален Робер, наречен уште „Француски Спајдермен“,  е уапсен денеска во градот Манила на Филипините откако се искачил на една од највисоките згради. 

Иако има 56 години, тој се искачи на облакодерот „ЏТ тауер“ од 47 ката без безбедносна опрема додека од земја го гледаа исплашени граѓани.

„Ова е мојот пат, ова е мојот начин на живот. Тоа ми е важно како храната и сонот. Потребно ми е. Ме одржува во живот“ – рече Робер.


Ова не е прво вакво искуство за него. Во повеќе земји го направил истото по што го апселе. 

Французинот се искачил на повеќе од 100 згради без помош на јажиња или некоја друга опрема. Со овие необични и опасни потези, тој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

На Филипини ќе треба да плати казна затоа што го нарушил јавниот ред и мир. 

Тој за само еден час се искачи на една од највисоките згради во Лондон. 

Претходно,  се искачи на врвот на хотелот „Хавана Либре“, во кубанскиот главен град.

Слично

Поврзани вести