Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) За 20 дена Русите ликвидираа 750 објекти на „Исламска држава“ 

(ВИДЕО) За 20 дена Русите ликвидираа 750 објекти на „Исламска држава“ 

Операцијата на руската морнарица во Сирија трае веќе 20 дена. По оценката на сирискиот министер Али Хајдар учеството на Русија во борбата против борците на „Исламска држава“ ја приближува сириската армија кон победата во борбата против терористите. Само за едно деноноќие руските авиони извршиле 55 борбени полетувања и нанеле 60 удари по објектите на „Исламска држава“ и „Джебхат ан-Нусра“, соопштил за новинарите официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„По извршувањето на борбените задачи сите руски авиони се вратиле во авиобазата „Хмеимим“, додал тој, цитиран од агенциите.

Операцијата на руските воздухопловни сили во Сирија за одржување на операцијата на провладините копнени сили против цели на терористите трае веќе 20 дена. Во тоа време руските борбени авиони нанеле околу 750 воздушни напади на позициите на исламистите: уништени се главно командни пунктови, наставни кампови, магацини со оружје и муниција, сврзувачки центри и фабрики за производство на експлозивни материјали.

Конашенков забележува дека во последните денови се забележува и зголемено присуство на авиони во воздушниот простор над Сирија - во еден регион можат да се откријат над 30 авиони.

Воениот претставник прецизира дека станува збор за авиони од воено-транспортната авијација, борбени авиони, летала, вклучувајќи и ударни. Руската авио група го пријаува секое полетување на сириската служба за контрола на воздушниот сообраќај.

Во исто време беше јасно дека Русија и САД продолжуваат со консултациите за избегнување на инциденти во небото над Сирија. Вчера руското Министерство за одбрана добило од американските воени служби договорен меморандум за спречување на воздушните инциденти во Сирија.

Според документот, американската страна се обврзува да ги информира сите свои партнери активни на територијата на Сирија, за правилата на координација на летовите. „Безусловно го сметаме сличен документ за важен чекор во практичниот план“, забележува Конашенков.

За активностите на руската авиогрупа во Сирија од Министерството за одбрана прецизираат дека руските Су-24 и Су-34 уништиле команден пункт на „Исламска држава“, како и мини фабрика за производство на своеволни проектили во провинцијата Идлиб. Во истиот регион е ликвидирано и  големо количество борбени возила на пешадијата и автомобили опремени со митралези. Со прецизни удари руските воздухопловни сили уништиле центар за врска на исламистите во провинцијата Деир-Ез, каде имале координирана акција на пет банди на територијата на регионот.

Во исто време беше јасно дека вечерта на 20 октомври во работна посета на Москва пристигна сирискиот претседател Башар Асад. Тој се сретнал со рускиот колега Владимир Путин во тесен круг, а потоа - во проширен состав. „Разговорите беа пролонгирани. Беше разгледана борбата против терористичките и екстремистички групи, а исто така и прашања поврзани со продолжувањето на операцијата за поддршка на посамоуверените дејствија на сириската армија“, изјавил прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/97vrpfEGEiQ[/embed]
Слично

Поврзани вести