Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВУЛКАНОТ НА СМРТТА ОДНЕСЕ 18 ЖИВОТИ: Настрадаа млади а се бара телото на девојче

(ВИДЕО) ВУЛКАНОТ НА СМРТТА ОДНЕСЕ 18 ЖИВОТИ: Настрадаа млади а се бара телото на девојче

Идентификувани се сите настрадани во ерупцијата на вулканот на Белиот остров, а според последните информации меѓу последните идентификувани жртви се имињата на двајца Австралијанци и една Американка.

Во ерупцијата на вулканот од 9 декември на популарниот туристички остров настрадале 18 луѓе, а 17 се лекуваат на одделенијата за интензивна нега поради тешки изгореници.

По долготрајна форензичка истрага објавено е дека последните идентификувани жртви се двајца австралиски државјани, 32 годишниот Ричар Арон Елзер и 47 годишната Џули Ричарс, како и американската држвјанска со престој во Австралија, 49 годишната Барбара Џин Холандер.


Полицијата за прв пат ги објави имињата на две жртви чии тела сè уште не се пронајдени - станува збор за 17-годишната Винона Џејн Ландфорд од Австралија и 40-годишниот Хајден Брајан Маршал-Иман од Нов Зеланд.

„Процесот на идентификација на жртвите е завршен“, соопшти полицијата.


Екипи кои го пребаруваат теренот сеуште се надеваат дека ќе најдат остатоци од 17-годишно девојче и 40-годишниот маж. За нив се верува дека се наоѓаат во морето околу  островот, но потрагата вели дека е тешко да се најдат поради лошите временски услови.

Имињата на сите жртви и исчезнатите сега се познати, освен на една жртва која починала во болницата минатиот викенд. На барање на нејзиното семејство, нејзиниот идентитет се чува во тајност.

Најмалку 12 од 18 жртви биле австралиски државјани, а три биле жители на Австралија.

Медиумите објавија дека човекот кој починал во Сиднеј бил австралиски државјанин. Официјални лица изјавија дека повредените биле упатени на лекување во Австралија од австралиски или странски државјани кои живеат во Австралија.

Загинале и двајца државјани кои работеле како туристички водичи на Белиот остров.

За време на ерупцијата, на островот имало вкупно 47 екскурзионисти, главно од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.



Фото: принтскрин јутјуб

Слично

Поврзани вести