Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вулкан се буди по 250 години - во цели градови е забрането движење

(ВИДЕО) Вулкан се буди по 250 години - во цели градови е забрането движење

Во Јапонија се активира вулкан кој не беше активен цели 250 години, а властите поради тоа забранија пристап до зоната околу планината.

Метеоролошката агенција во земјата соопшти дека ова е прва ерупција на  вулканот уште од 1768 година, а дека од кратерот излегуваат чад и пепел.

Вулканот е дел од планинскиот ланец Киришима на јужниот јапонски остров Кјушу. 

Експлозиите денеска накратко престанале, но граѓаните на околните градови сепак беа предупредени на можното паѓање на вулкански камења и пепел.

Во март годинава уште еден вулкан кој се наоѓа во близина на овој се активираше по пауза од седум години.

Јапонија се наоѓа во пацифичкиот огнен круг и има над 110 активни вулкани.


Слично

Поврзани вести