Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Втора Ајфелова кула „никна“ во Париз

(ВИДЕО) Втора Ајфелова кула „никна“ во Париз
Туристите кои деновиве ја посетија Ајфеловата кула, една од најромантичните знаменитости на Париз, останаа малку затекнати кога на местото на препознатливиот белег на францускиот главен град, наместо една видоа две Ајфелови кули. Имено, во близина на Ајфеловата кула е поставена една помала реплика, висока 13 метри, а изградена од 324 црвени столици. „Тоа е навистина интересно. Заедно формираат една интересна целина“, вели една туристка од Шпанија. Инсталацијата е поставена во чест на 125-от роденден на Ајфеловата кула, а ќе остане тука до 7 јули, по што ќе биде преместена на засега непозната локација во Париз. Погледнете како изгледа црвената „Ајфелова“ кула: http://www.youtube.com/watch?v=KU6I6Hcc2L0
Слично

Поврзани вести