Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВТОР СЛУЧАЈ ЗА ПОЛОВИНА МЕСЕЦ ВО МЕКСИКО: Кандидатка за градоначалник e убиена пред граѓаните

(ВИДЕО) ВТОР СЛУЧАЈ ЗА ПОЛОВИНА МЕСЕЦ ВО МЕКСИКО:  Кандидатка за градоначалник e убиена пред граѓаните

Кандидатката за градоначалник на партијата Морена во Техистепепек, држава Веракруз, Јесенија Лара Гутиерез во неделата е убиена на митинг пред граѓаните. 

Убиството се случило на предизборен митинг, додека биле вклучени неколку камери на мобилни телефони. Настана хаос кога се слушнаа повеќе од 15 рафали од огнено оружје. 

Јесенија Лара починала веднаш, како и три други лица. Две повредени лица се префрлени во болница.

Ова не е прв ваков случај. На 29 април, еден кандидат беше убиен во општинската заедница Коксихуи.

foto X


Слично

Поврзани вести