Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВТОР ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Тинејџери запалија хеликоптер во Русија

(ВИДЕО) ВТОР ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ:  Тинејџери запалија хеликоптер во Русија

Тинејџери запалија хеликоптер во Русија, поради што се обвинети за тероризам. 

Тие во областа Омск во Западен Сибир се уапсени и обвинети за тероризам поради палење хеликоптер, објави прес-службата на регионалниот суд, пишува „Москва тајмс“.

Каналот  „База“, вчера објави видео на кое еден од тинејџерите признава дека упаднал во хелиодромот и го запалил хеликоптерот.

Тие тврдат дека непознато лице, кое ги контактирало на „Телеграм“ и им дало инструкции, но воедно им понудило 20.000 долари.

Но, пораките наводно биле избришани, а 16-годишниците никогаш не ја добиле ветената исплата. Тие сега се соочуваат со обвиненија за тероризам и се во административен притвор од два месеци.  Ова е втор подметнат пожар на хеликоптери во Русија за еден месец.

За една недела, во Русија имаше два случаи каде ученици извршија напади со чекан. 


Слично

Поврзани вести