Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ВРИЕ“ ВО ИСТАНБУЛ: На антиизраелските демонстрации има 63 повредени

(ВИДЕО) „ВРИЕ“ ВО ИСТАНБУЛ: На антиизраелските демонстрации има 63 повредени

Турски демонстранти се обиделе да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул. 

Десетици луѓе се повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Појасот Газа. 

Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал Арабија“.


Полицијата соопшти дека привела пет лица, а на протестот 65-годишен маж доживеал срцев удар, по што починал во болница. Советот за национална безбедност на Израел вчера ги советуваше израелските граѓани да ја напуштат Турција „што е можно поскоро“ заради нивна лична безбедност. 

Претставник на милитантната исламистичка организација Хамас денеска повика во петок да се одржат протести ширум светот за подршка на Палестинците.

„Го повикуваме нашиот палестински народ и народот во арапскиот и исламскиот свет во петок да протестираат во сите градови“, изјави претставникот на Хамас за време на прес-конференцијата во либанскиот главен град Бејрут.

Тој додаде дека протестите против „масакрите, воените злосторства и геноцидот во Газа“, исто така, треба да продолжат и во недела.

Хамас, движењето кое владее со Појасот Газа и е класифицирано како терористичка организација од страна на Израел, Европската унија и САД, повика на протерување на сите израелски амбасадори во арапските и исламските земји и запирање на сите дипломатски напори за нормализирање на односите со Израел. 

На 7 месецов Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести