(ВИДЕО) „ВРИЕ“ ВО ЕРМЕНИЈА: Се бара оставка од Пашинјан кој пак обвини за обид за државен удар
Ерменците масовно излегоа денес на улиците на главниот град Ереван откако премиерот Никол Пашинјан ја обвини војската за обид за пуч.
Од 45-годишниот Пашинјан се бара оставка поради, како што тврдат неговите критичари, погубното отстапување во крвавиот шестнеделен судир на азербејџанските и ерменските сили лани.
„Немаме непријатели во Ерменија. Имаме само браќа и сестри“, додаде премиерот.
Тој е под притисок на опозицијата откако Азербејџан ја порази Ерменија во војната за покраината Нагорно Карабах, која заврши со договор за прекин на конфликтот на 10 ноември и со кој Азербејџан доби големи делови од територијата во планинската зона на Кавказот. Пашинјан е поранешен новинар кој дојде на власт во мирната револуција во мај 2018 година и одбива да отстапи и покрај протестите на опозицијата. Кажа дека ја презема одговорноста за она што се случи, но дека сега треба да се врати безбедноста на земјата. Русија, земја која им е сојузник со воена база објави дека е загрижена околу тензиите во поранешната советска република и повика на смирување.
Во регионот Нагорно - Карабах, Ерменците ги напуштија своите домови, ги запалија, а ги откопаа и гробовите и ги пренесоа телата на своите предци. Азербејџанците уништуваа верски храмови во местата кои Ерменците ги напуштија.
foto EPA-EFE
