(ВИДЕО) Врати се во Африка - му порача Французин на свој колега пратеник
Расистички навреди имаше во француското Собрание. Пратеникот Грегори де Фурнас, член на екстремно десничарската партија Национален собир, извика „врати се во Африка“ кога пратеникот Карлос Мартенс Билонго зборуваше за имиграцијата. На ова пратениците бурно реагираа и прашуваа кој ја кажал таа реченица.
Де Фурнас подоцна се обиде да се оправда, тврдејќи дека неговите зборови не се упатени до Билонго, туку до сите имигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа по море. Билонго рече дека е роден во Франција и дека коментарот на неговиот колега парламентарец го смета за крајно срамен.
Како што јави Би Би Си, на ова реагираше и француската премиерка Елизабет Борн, која рече дека во нејзината земја не смее да има место за расизам. Ќе има состанок на парламентарната комисија, која треба да одлучи како ќе го санкционира Де Фурнас. Во Франција има многу малцинства кои се доселиле од Африка.
фото принтскрин Твитер
Видеото можете да го видите тука.
