Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ: Екстремистите ги закопуваат живи припадниците на сектата Јазиди

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ: Екстремистите ги закопуваат живи припадниците на сектата Јазиди
Радикалните активисти на таканречената Исламска држава ги исполнија заканите - убиле најмалку 500 припадници на верското малцинство Јазиди, а голем дел од нив ги закопале живи во масовна гробница. Јазидите се древна верска секта во Ирак, кои сега се соочуваат со истребување од терористите на Исламската држава. Дел од нив успеале да се скријат на планинитге каде што биле опколени од исламистите и оставени без храна и вода. Меѓу нив има и многу жени и деца. http://www.youtube.com/watch?v=nJoZqWcqZCs#t=26 Се смета дека во планинските скривалишта има десетици илјади припадници на оваа верска група, која е прогласена за еретичка од радикалните исламисти. Околу 20.000 вчера успеале да побегнат со помош на курдските паравоени формации „пешмерги“, кои успеале да им обезбедат колку-толку безбеден коридор за извлекување. Најголем дел од нив преминале во Сирија и успеале да се сместат во бегалски камп. Но уште неколку десетици илјади и натаму остануваат заробени во ирачките планови, без основни средства за живот и им се заканува геноцид.
Слично

Поврзани вести