Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Руски војници убиваат цивили во Киев

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Руски војници убиваат цивили во Киев

Си-Ен-Ен објави вознемирувачко видео на кое Руси наводно убиваат цивили во украинската престолнина Киев. 

Станува збор за двајца луѓе, сопственик на продавница и чувар. Видеото наводно е направено на 16 март во Киев. Руските војници пукаат во бравите и го кршат стаклото од салонот. Сопственикот на салонот им приоѓа со кренати раце. Руските војници потоа застануваат и го претресуваат. Доаѓа уште еден цивил, Леонид Олексијевиќ Пљац (68), кој работел како чувар во салонот. Си-Ен-Ен објави дека ја проверил автентичноста на видеото. Тие се обратиле до Министерството за одбрана на Русија, но засега не добиле одговор. Јулија, ќерката на убиениот 68 годишен човек, рекла дека ќе ја чува снимката за да видат идните генерации какви џелати биле Русите. 

Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната уште трае. Има бројни истраги за злосторства над цивили. 

Првиот руски војник осомничен за убиство на цивил во Украина ќе излезе на суд. 

Украинската обвинителка Ирина Венедиктова објави дека осомничениот е обвинет за убиство на 62-годишен цивил кој возел велосипед во селото Чупахивка, во североисточниот регион Суми. 21-годишниот осомничен, кој моментално е во украински притвор, може да се соочи со доживотна затворска казна доколку биде осуден за убиство.

ФОТО: TANJUG/AP


Слично

Поврзани вести