Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Воз се запали во САД

(ВИДЕО) Воз се запали во САД

Два дена по жестокиот судир на воз во Филаделфија, во кој загинаа осум лица, воз на компанијата „Амтрак“ се запали. Во локомотивата која патувала од Милвоки до Чикаго ибувнал пожар. Патниците биле евакуирани. Од видео материјалите се гледа како пожарот направил огромна дупка на таванот на локомотива. Сеуште нема информации која е причината и што го предизвикал пожарот.

Во меѓувреме, истрагата за несреќата со воз на „Амтрак“ крај Филаделфија, во која загинаа 8 лица, се усложнува, бидејќи на машиновозачот на возот неможе да му се утврди инцидентот.

Засега не може да биде откриено зошто влегувајќи во остар свиок, возот се движел со брзина двојно повисока од предвидената за овој дел. Нејасно е и зошто возот свртел нагло во последната минута пред да излезе од шините од 110 на 170 километри на час.

Инспекторите утврдиле дека на местото на несреќата немало монтирано уред за автоматско ограничување на брзината.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QhJY2wlj9Qg[/embed]
Слично

Поврзани вести