(ВИДЕО) ВОЗ ОПКРУЖЕН СО ПЛАМЕН, СЦЕНА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ! Над 830 шумски пожари во Канада: Чадот се шири во делови од САД
Чадот од повеќе од 830 шумски пожари во Канада се прошири во делови од САД, вклучувајќи го и Њујорк, каде што квалитетот на воздухот достигна нездраво ниво, а предупредувањата за загадување на воздухот се во сила од Минесота до државата Њујорк.
Најголемите пожари моментално горат во западно-централниот дел на Онтарио, а ветровите носат големи количини чад кон североистокот и средниот запад на САД, објави ABC.
Вчера во Њујорк беше забележана портокалова магла, а властите предупредуваат дека лошиот квалитет на воздухот може да продолжи во текот на целиот ден.
На социјалните мрежи се појави видео од товарен воз опкружен со пламен од шумски пожар.
- Ова може да нè стигне во секој момент. Ситуацијата стана малку застрашувачка, рече еден член на екипажот.
Canada's #wildfire emergency
— GlobeUpdate (@Globupdate) July 15, 2026
A freight train was caught in an advancing wildfire near Armstrong, Northern Ontario
-128 active wildfires across northwestern #Ontario
-Armstrong & multiple First Nations have been evacuated
-Highway closures
-Temperatures nearing 40°C#canada pic.twitter.com/YDEhmCFRLC
Мамдани: „Избегнувајте престој на отворено“
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ги повика граѓаните да го ограничат времето поминато на отворено, особено лицата со срцеви и белодробни заболувања, постарите лица, бремените жени и децата, и рече дека градот дели заштитни маски.
Метеоролозите очекуваат густ чад да се прошири од регионот на Големите езера кон североистокот на земјата во наредните денови, погодувајќи градови како Бафало, Бостон, Филаделфија, Кливленд, Колумбус, Балтимор и Вашингтон.
Голем дел од САД, исто така, е погоден од топлотен бран.
Температури до 40 степени
Температурите на источниот брег достигнуваат околу 38 степени Целзиусови.
Предупредувања за екстремна топлина се во сила во Јужна Калифорнија, при што температурите во некои области надминуваат 40 степени Целзиусови.
Силните дождови и заканата од ненадејни поплави продолжуваат во Тексас, откако делови од државата добија помеѓу 6 и 16 инчи дожд во текот на неделата.
Вчера беше забележано и торнадо во близина на Сан Антонио, но нема извештаи за поголеми штети.
Фото: Притнскрин/Икс