Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ВО РУСИЈА: Десетици патници се повредени

(ВИДЕО) ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ВО РУСИЈА: Десетици патници се повредени

Железничка несреќа денеска се случи во Русија. 

Десетици луѓе се повредени во тешка железничка несреќа откако патнички воз излетал од шините. Неколку вагони се превртеле, а на местото на настанот веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи.

Несреќата се случила на линија по која сообраќал воз со повеќе од 200 патници, при што неколку вагони излегле од шините и завршиле покрај пругата. Повредените патници биле пренесени во болници, а дел од нив добиле медицинска помош на лице место.

Според руските железници, сообраќајот на пругата бил привремено прекинат додека траела спасувачката операција и расчистувањето на теренот. Властите отворија истрага за причините за несреќата, а како можни фактори се споменуваат оштетување на пругата или лоши временски услови.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести