Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ВЕНЕЦИЈА: Рекордни поплави-лошото допрва доаѓа

(ВИДЕО) ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ВЕНЕЦИЈА: Рекордни поплави-лошото допрва доаѓа

Венеција е погодена од втората најголема плима во историјата, поплавувајќи ја историската базилика и многу градски плоштади и улички.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро изјави дека ќе прогласи состојбата на катастрофа и предупреди за значителна штета, пренесува Ројтерс.

-Ситуацијата е драматична. Ќе бараме од Владата да ни помогне, цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени-нагласил Бруњаро .


Еден 78-годишен маж загинал при удар на струја кога вода му влегла дома.

Висината на водата на Плоштадот Свети Марко надминала еден метар.

Базиликата „Свети Марко“ е поплавена по шести пат во 1.200 години, од кои четири поплави се случиле во последните 20 години, а последните во октомври 2018 година.


Засега нема извештаи за оштетување на базиликата.

На видео-снимките објавени на социјалните медиуми се гледа како длабока вода што тече како река низ улиците на Венеција, како и високи бранови кои удираат по бродовите кои се заковале .


Градските власти велат дека висината на брановите била 187 сантиметри, нешто помалку од 194 сантиметар снимен во 1966 година.

Обилните дождови го зафатија поголемиот дел од Италија во последните неколку дена, донесувајќи поплави, особено на југот на земјата, а лошото време се прогнозира за наредните денови.


Слично

Поврзани вести