(ВИДЕО) ВОЈУВАШЕ ВО 2014, БИЛ РАНЕТ, НО СЕ ВРАТИЛ НА БОИШТЕТО: Илјадници Украинци се простија од 27 годишниот Дмитро Да Винчи
Илјадници луѓе во Киев се просторија од својот херој, Дмитро познат како Да Винчи, откако загинал во Бахмут.
Момчето ја бранело Украина во 2014 година. Но, го ранил тенк, по што пак се вратил на фронтот по три месеци. Загинал во градот Бахмут, а од почетокот на војната водел механизирана бригада. Учествува во војната уште од првиот ден.
На 30 ноември минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски го прогласи за Херој на Украина.
„Тој е еден од оние чиј карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина“, изјави Зеленски.
На погребот беше присутна и премиерката на Финска, Сана Марин. Украинците постојано потсетуваат на луѓето кои загинаа во одбрана на државата од руската агресија. Деновиве информираа и дека татко и син починале при руски напад во Бахмут. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
