Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОЈСКАТА МОРАШЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА: Екс министер и новинар се тепаа во живо на либанска телевизија

(ВИДЕО) ВОЈСКАТА МОРАШЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА: Екс министер и новинар се тепаа во живо на либанска телевизија

Поранешен министер и новинар се истепаа во живо на телевизија.

Тоа се претвори во општа тепачка, а мораше да интервенира дури и војската. Во ток-шоуто „Сар Ел-Вает“ (Беше крајно време) на либанската МТВ, водено од Марсел Ганем, се соочија поранешниот владин министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со Хезболах и неговите сојузници, и новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се совпаѓаат со Либански сили. Проблемот настана кога дискусијата се сврте кон американските санкции наметнати кон поранешниот министер Вахаб, а ескалираше кога Абу Фадел кажа дека „САД ги дисциплинираат Либанците“.

Припадниците на либанските вооружени сили пристигнаа во просториите на телевизијата за да смират ситуацијата. 

Во светот и претходно имало тепачки во емисии во живо, но и во многу парламенти. 


Слично

Поврзани вести