Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Водителката на „CNN“ се збуни, го помеша Путин со Елцин

(ВИДЕО) Водителката на „CNN“ се збуни, го помеша Путин со Елцин

Водителката на „CNN“ го замени рускиот претседател Владимир Путин со Борис Елцин.

Тоа се случило за време на емитувањето на изјавите на светските лидери пред Генералното собрание на ОН во понеделникот. Коментирајќи го говорот на рускиот лидер, 47-годишната Ешли Бенфилд рече: „Рускиот претседател Борис Елцин го завршува својот говор. ... О, извинете! Нешто се вратив 20 години назад“. Рускиот претседател Путин завршува со својот говор во ОН“.

Борис Елцин беше претседател на Русија од 1991 година до 1999 година. Тој зборувал два пати пред Генералното собрание на ОН - во 1994 година и 1995 година.

Владимир Путин беше избран за претседател на Русија во 2000 година.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0D87kzSgmSA[/embed]
Слично

Поврзани вести