Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОДАТА ОДНЕСЕ 30-ТИНА АВТОМОБИЛИ: Нови поплави во дел од Шпанија

(ВИДЕО) ВОДАТА ОДНЕСЕ 30-ТИНА АВТОМОБИЛИ: Нови поплави во дел од Шпанија

Поплавите во Шпанија не стивнуваат, a на удар од утрово e уште еден град, каде автомобилите се целосно уништени. 

Нови поплави го погодија регионот на Жирона во североисточна Шпанија и однесоа 30-тина автомобили во градот Кадакес. 

Снимката која ја објави локален новинар покажува големо количество вода и куп автомобили што го блокираат мостот. 

Во државата од 1 октомври до 5 ноември имало 72 отсто повеќе врнежи од нормалната вредност за овој временски период, објави шпанската метеоролошка агенција „Аемет“.

Минатата недела во поплавите загинаа 217 луѓе. Најлошо беше во Валенсија. 


Слично

Поврзани вести