(ВИДЕО ВО ЖИВО) Путин: Се разгледуваат три верзии на експлозијата во Санкт Петербург
Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека истрагата во најскоро време ќе ги разјасни причините за експлозијата во метрото на Санкт Петербург. Според зборовите на шефот на државата во моментов се разгледуваат три можни верзии за инцидентот меѓу кои се криминални и терористички.
„За сега не се познати причините за експлозијата, за тоа уште е рано да се зборува. Истрагата ќе покаже. Ќе видиме. Истрагата ќе го покаже сето тоа“, рече Путин.
Во меѓувреме од Националниот антитерористички комитет официјално соопштија дека по експлозијата има жртви и повредени. Според зборовите на очевидци експлозии имало на две места, од кое едното во метрото.
Евакуацијата на луѓето од станиците е завршена, а кај неа биле користени хеликоптери. 17 екипи на итна помош им помагаат на настраданите.
Во видеото подолу може да следите што се случува во моментот на местото на инцидентот.
А повеќе детали прочитајте и за целиот напад:
