Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО ВО ЖИВО) ПУКАЊЕ НА АЕРОДРОМ ВО ФЛОРИДА: Има мртви и повредени-напаѓачот уапсен!

(ВИДЕО ВО ЖИВО) ПУКАЊЕ НА АЕРОДРОМ ВО ФЛОРИДА: Има мртви и повредени-напаѓачот уапсен!

На флоридскиот меѓународен аеродром Форт Лаудердел дошло до пукање.

Напаѓачот пукал во најмалку 11 лица и е уапсен.

Најновите информации од американските медиуми се дека тој бил војник на Исламска држава и е идентификуван како Естебан Сантијаго.


Загинале најмалку пет луѓе, додека осум се повредени, јавија светските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата. Се стравува дека бројот на жртви не е конечен.


Како што напишал на твитер поранешниот портпарол на Белата куќа Ари Флечер, кој во тој момент се наоѓал на аеродромот, полицијата навела дека во нападот учествувало едно лице кое е уапсено.


„Делувал сам. Уште не ги знеме неговите мотиви“, изјавил шерифот на округот.

Делови од аеродромот се евакуирани. Вооружениот инцидент се случил на Терминалот 2.


Слично

Поврзани вести